БЕГАЈЌИ И НА ПОЛИЦИЈАТА КОЈА ИМ ЈА ОТКРИЛА ЗАБАВАТА - младо момче од Белгија паднало од прозор и починало
Објавено во: Свет 11 Април, 2021
Дваесетгодишно момче падна од прозорец и почина денеска наутро, во бегство од белгиската полиција во Антверпен, која пристигна по пријава за неовластен собир поради пандемија со ковид-19.
Полицијата пристигнала во хотелот по пријава поради поплака за бучава, според медиумите, повикувајќи се на Државното правобранителство.
Осум учесници во забавата се обиделе да и избегаат на полицијата, а младиот човек се излизнал низ прозорецот, паднал, и починал, и покрај обидите за реанимација се додека не пристигнала брзата помош.
Државното правобранителство започна истрага, а градоначалникот на Антверпен, Барт Де Вевер е „шокиран“.
„Смртта на такво младо лице бара сериозно да преиспитаме какви последици имаат долгите периоди на блокирање врз менталната состојба, особено кај младите“, рече Де Вевер.
Во Белгија, во обид да се бори против ширењето на коронавирусот, во сила е забрана за собирање и само едно лице од надвор може да посети едно домаќинство.
Лицата фатени на нелегални забави можат да бидат казнети со 750 евра, а организаторите до 4.000 евра.
Извор и Фото: Индекс.хр