БЕГАЛЕ ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Руси поминале 500 километри морски пат и се уапсени на Аљаска
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022
Руси бегале од мобилизацијата во Америка преку Аљаска, при што двајца се приведени.
Станува збор за двајца жители на полуостровот Чукотка на далечниот североисток на Русија, кои побегнале од мобилизацијата и се задржани на американскиот остров Свети Лаврентиј, објави денеска порталот „Аљаска њуз сорс”. Русите дошле со пловило и се прикотвиле на островот на 4 октомври. На локалните жители тие им кажале дека пловеле од населеното место Егвакинот на Чукотка, оддалечено околу 500 километри морски пат. Тие се задржани и однесени во градот Хембел на островот, а потоа транспортирани во Енкориџ. Федералните власти сега утврдуваат дали Русите го нарушиле правилото за пресекување на границите на САД и дали имаат право да престојуваат во земјата. Гувернерот на Аљаска, Мајк Данливи изјави дека ова е единствен случај на нелегален премин на морската граница меѓу Русија и САД и дека не се очекува постојан прилив на имигранти од Русија. Русите побарале политичка азил во САД. Повеќе од 700.000 руски граѓани избегаа од Русија за да не заминат на фронт во Украина.
фото Александар Букин / Google Maps