Бегалците во Грција ги полнат телефоните со соларен полнач
Објавено во: Стил 20 Јуни, 2016
За бегалците и мигрантите, „заглавени“ во Грција, смартфонот е спас, но пристапот до електрична енергија е прилично тежок во преполните кампови, пренесува Ројтерс.
Тим од студенти од Единбург Универзитетот создавале станица за мобилни телефони, која се полни од сонцето.
Тие инсталирале два такви уреди во кампови, и секој од нив може да генерира електрична енергија за 12 полначи на час, користејќи само соларна енергија.
Идејата се јави летово кога 20-годишниот Александрос Ангелопулос бил на островот Самос, еден од влезните пунктови кон Европа за оние кои бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот Исток.
„Луѓето почнаа да ми бараат телефон за да се јават на своите семејства или да користат интернет“ - вели Ангелопулос.
Целта била на ваков начин да се помогне на бегалците, но и на заедницата.