19 Мај, 2024
0.0312

Бекер ексклузивно за Фактор: Трамп е тврдоглав, но мора да ги прифати климатските промени

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Вилијам С. Бекер извршниот директор на Претседателскиот проект за климатски промени на САД во ексклузивно интервју за Фактор оценува дека актуелниот американски претседател Доналд Трамп мора да ја смени својата политика за неприфаќање на Парискиот договор за климатските промени и да преземе сериозни мерки со оглед на се поголемите природни катастрофи кои ги погодија како САД така и земјите во опкружувањето со најсилните урагани во историјата. Бекер претходно работеше заедно со претседателот Барак Обама за мерките за ублажување на последиците од климатските промени и е силен поборник на користење на чиста и обновлива енергија која мора да ја замени зависноста од нафта и фосилните горива.

Разговараше: Христијан Станоевиќ

Фактор: САД под водство на Трамп со повлекување од Парискиот климатски договор се претвори во непослушното дете додека остатокот од светот презеде обврски за промени. Дали сметате дека Доналд Трамп ќе ја промени својата позиција со негирање на климатските промени и ќе ги послуша научниците. Тој често се прилагодува на јавното мислење, па дали е потребен поголем притисок од самата јавност во САД?

Бекер: Мислам дека постои можност Трамп да се предомисли, како што природните катастрофи ќе се засилуваат, како ќе растат човечките жртви и ќе се зголемуваат материјалните штети можеби ќе ја промени позицијата бидејќи САД мора нешто да преземе. Сепак, од друга страна тој е тврдоглав човек и не им верува на научниците. Во овој момент јас сум скептик, тој во својата администрација исто така назначи повеќе функционери кои не веруваат во климатските промени, но тоа нема да биде прашање на науката туку на притисокот на јавното мислење. 

Фактор: Што мислите за енергетските односи меѓу САД, Европа и Русија. Постојат повеќе теории дека сега САД се обидува да ги прекине планираните гасоводи на Русија кон европските земји, за да наметне своја достава на енергенси. Очекувате ли од ЕУ поголем отпор за да ги задржат своите интереси?

Бекер: Се надевам. Бенефитот на соларната, ветерната или гео-термалната енергија е огромен и тие се обновливи и се полесно достапни. Во иднина не треба да се грижиме за геополитиката за да добиваме фосилни горива од САД или Русија. Колку повеќе се потпираме на обновливите енергии толку помлаку ќе има значење геополитиката. Според мене секоја земја треба да биде што е можно повеќе енергетски независна и максимално да ги користи сите капацитети за соларна, ветерна гео-термална или  друг вид на обновлива и чиста енергија. Фосилните горива се ограничени и еден ден целосно ќе бидат исцрпени, станува се поскапо да се вади нафта, ќе биде се поскапо и да се користи. 

Фактор: Зошто нафтеното и јагленото лоби се уште е многу моќно како економски, така и политички, особено во САД земјата која важи за место каде просперира различноста на мислења и опции и како е поставено лобито за заштита на животната средина?

Бекер: Нафтената, гасовната и јаглената индустрија се постари и многу богати. Тие се „вкопани“ во економијата долго време, имаат неограничено влијание врз американските политичари бидејќи може да даваат огромни спонзорства за политичките кампањи. Од друга страна компаниите од соларната, ветерната или друг вид на енергија се многу млади и немаат толку пари да учествуваат во политиката. Прво нешто што треба да го направиме е да го ограничиме количеството на пари кои корпорациите може да ги вложат во изборните кампањи со што се предизвикува директна корупција на системот и контрола врз политичката ситуација. Втората промена ќе дојде кога обновливите енергии ќе бидат поевтини за користење и економски поисплатливи.

Фактор: До следните претседателски избори во САД има уште три години. Дали ќе работите со новите кандидати за претседател на САД и што очекувате за ставот кон климатските промени?

Бекер: За претседателските избори во САД никогаш не е прерано и ние сме речиси во постојана кампања. Јас ќе соработувам со било кој кандидат како и во последните 15 години без оглед дали доаѓа од Републиканската или Демократската партија ако ги поддржува политиките за транзиција од економија зависна од јаглен и фосилни горива кон еколошки поздрава економија со ресурси кои се поевтини и обовновливи и можат да донесат бенефити за целото население. Сепак, конкретно име на кандидат сега не можам да откријам.

Фактор: Која ќе биде цената на трансформација на енергетскиот сектор од зависност од фосилни горива кон обновливите извори на енергија како за САД така и за светот?

Бекер: На долг рок ќе стане се понеисплатливо да се користи нафта или јаглен бидејќи тие се ограничени и штом се потрошат резервите последиците во економијата ќе бидат огромни. Научниците од целиот свет се на став дека овие ресурси мора да останат под земјата за да не го надминеме прагот од кој нема враќање при што ќе имаме огромни последици врз планетата со климатските промени. Цените на фосилните горива исто така ќе стануваат многу непредвидливи што ќе предизвика нови економски кризи и ценовни шокови со тешки рецесии и инфлации. Такви економски ризици нема кај обновливите извори на енергија, особено со развојот на батериски капацитети за складирање на енергијата од сонцето, ветрот или геотермалните извори кои се постојани и ќе бидат се поевтини со што транзицијата на економијата ќе биде многу полесна од што луѓето ќе мислат.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа