03 Мај, 2024
0.0244

Бектеши лобира за македонскиот туризам во Кина

Објавено во: Економија 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја започна официјалната посета на Кина, кој воедно ја предводи и македонската делегација на 22-тата седница на Генералното собрание на Светската туристичка организација што се одржува во градот Ченгду, Кина.

На конференцијата, на која присуствуваат министрите одговорни за туризам од целиот свет, ќе се разговара за развојот на светскиот туризам, новите трендови во туризмот, подобрувањето на туристичките услуги и одржливиот туризам.

- Бектеши на Самитот, ја претстави стратегијата за туризам на нашата земја, додека се сретна и со генералниот секретар на UNWTO, Талеб Рифаи. За време на состанокот министерот обезбеди поддршка за Македонија, а се согласија и за проекти во областа на туризмот кои ќе се реализираат во соработка меѓу Министерството за економија, како одговорно за туризмот во Македонија, и Светската туристичка организација со седиште во Мадрид – велат од Министерството за економија.

Меѓу проектите што Бектеши и Рифаи се согласиле да ги реализираат се и поддршката на експерти за измени на законите за туризам и угостителство, прописите за категоризација на угостителските објекти, поддршката за имплементација на системот за одзив на туристи ТСА (tourist satellite account) ,обуки за вработените во секторот туризам во седиштето на UNWTO во Мадрид, како и обука на студентите кои се запишани на универзитетот за туризам.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија