04 Мај, 2024
0.0316

БЕКТЕШИ: ТРОШОЦИТЕ КОИ ЈА ФОРМИРААТ ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НЕ НАДМИНУВААТ 32 ДЕНАРИ, не треба да се креира паника

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Денеска или утре во Службен весник ќе биде објавена одлуката за замрзнување на цената на лебот во земјава. 

Ова го соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на пресконференција заедно со премиерот Ковачевски. 

Тој истакна дека согласно одлуката се утврдува дека највисоки цени во трговијата на мало за бел и полубел ле сечен на парчиња или цел и највисоката цена ќе биде ограничена на 33 денари за леб со тежина од 450 грама и повеќе. 

За тежина на леб под 450 грама се утврдува цена во висина до 33 денари, која ќе биде во соодност со тежината на лебот

Одлука ќе важи до 31 мај 2023 година

- До оваа одлука е дојдено по опсежна анализа на влезните трошоци во производството на леб, и ќе ги посочам дел од цените кои влијаат врз крајната цена на лебот. Ако во октомври цената на горивата еуродизел изнесувала 99,55 денари, ноември 93 денари просечно, денеска е 77,88 денари. 

Додека природниот гас, кој големите производители го користат како енергенс во окотомвири изнесувала 134,9 евра по мегаватчас, во ноември 116,82 евра по мегават час, јануари 56,57 евра по мегават час, февруари 51,01 евро мегават час.

Просечна цена на електричната енергија на берзата од која најмногу се набавува, ХУПЕКС, во октовмри изнесувала 193,94 евра за мегаватчас, ноември 222,74 евра, декември 261,17 евра за мегаватчас. 

А сите домашни производители добија повластена цена од 80 евра од декември. Во јануари цените биле 148,69 и февруари 145,99 евра за мегаватчас, додека нашите производители добиваа енергија по цена од 80 евра за мегаватчас - објаснуваше Бектеши.

Министерот дополни дека сите цени се без трошоци за пренос, дистрибудија и трговци, што значи се 20 отсто повисоки од овие кои ги земале како репер, а дополнително сите производители добија енергија по цена од 80 евра за мегават час. 

Бектеши посочи дека и цената на брашното во нашата земја е намалена, па таа во октомври и ноември изнесувала 35 денари по килограм, додека во јануари 28 денари по килограм. 

Воедно Бектеши извади пресметка за влезните трошоци во формирањето на цената на лебот. 

- Овие цени ги добивме од нивен член, од производител на леб кој е член на комората и кој е еден од најголемите производители. 

Во крајна цена, ставка материјал, брашно квасец, сол и адитиви, 9,5 денари за 450 грама бел леб, пониски за полубел леб.

За работна рака, која опфаќа според пекарите 60 проценти, е  5,7 денари. Трошоците за транспорт и пакување 6 денари, со што вкупна цена е 21,2 денари. Ако заработката на пекарите надминува 10 отсто, би изнесувала 6 денари, и со тоа цената на лебот би била 27 денари, и тука плус 5 отсто ДДВ, максимална цена за 450 грама бел леб, треба а е 32 денари. 

Согласно државниот пазарен инспекторат сега центие на лебот се движат од 28 до над 45 денари, не е во ред да има толкава разлика во цената на лебот - посочи Бектеши. 

Министерот исто така дополни дека престанува да важи одлуката за субвенции на енергија, и ова согласно очекувањата утре би требало да се објави во службен венсик

- Согласно мрежните правила, Есм ќе ги инфорира компаниите дека треба да најдат нов снабдувач со електрична енеригја. Како министерство ги повикувам грпацијата на производители на леб, на пекари да разговараме, да се најде соодветно решение за одржливи одлуки, каде ќе има вин вин, посебно за граѓаните, не само еднострана добивка, да ја намалиме тежината за најранливите категории на грѓани во нашата земја - дополни Бектешки.

Министерот посочи дека „не е фер да се даваат неточни информации, проверено е, цена та е под 33 денари. Согласно сите проверки од државен пазарен инспектроат, цената е толкава, да не креираме паники“. 

П.О. 

Фото: Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?