Белград моментално е најскапиот град за живеење во регионот, а еве на кое место е Скопје
Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2023 12:24
Белград е најскап, а потоа Будва и Тирана
Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Станува збор за листа на најскапите и најевтините градови во Европа за 2023 година, на кои нашиот регион можеби не е високо позициониран, но кога ќе се фокусираме само на него – добиваме интересни податоци.
При рангирањето на градовите се воделе според цените во рестораните и маркетите, цените на јавниот превоз, киријата, здравството...
Утврдено е дека на Западен Балкан најскап град за живеење е Белград, главниот град на Србија (186 место во Европа), веднаш по него е Будва (188 место во Европа), туристичката престолнина на Црна Гора, а на ред е Тирана (194 место во Европа), главен град на Албанија. Трошоците за живот во Белград се 42,5 отсто во споредба со трошоците за живот во Њујорк, а 41 отсто во Тирана.
„Иако Тирана се смета за евтина за живеење од гледна точка на другите Европејци, таа е скапа за локалното население и нивото на приход. Зголемените трошоци и инфлацијата доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа“, пишува Euractiv. Ситуацијата во Белград не е детално опишана.
Од друга страна, Приштина (234 место) се издвојува како едно од најевтините места за живеење во Европа, потоа Ниш (232 место), Крајова во Романија и Тузла во БиХ.
Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се наоѓа на 206. место во Европа и е поскап за живеење од Скопје, Подгорица, Нови Сад - пренесува Klix.ba.
Што се однесува до вкупната листа на најскапи градови во Европа за 2023 година, Базел е на врвот, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Во топ 10 се и Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка, а високо рангирани се и Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.
Близу до дното на листата се градовите во Украина зафатена од војна, а на последно место е градот Харков.
Фото: unsplash
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




