18 Мај, 2024
0.1838

Белорусија подготвува протестна нота по информациите кои ги изнесе Антонио Милошоски

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Белорусија ги демантира информациите кои вчера ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додаваат дека тој шири лажни вести. 

Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје и Амбасадата на Република Белорусија во Белград преку допис до медиумите ги демантираа информациите што ги изнесе пратеникот Милошоски на вчерашната собраниска седница за пратенички прашање и објавија дека тоа се лажни вести. 

„На 25 јули се изведени лажни вести од страна на пратеник на Собранието на Република Северна Македонија, господин Антонио Милошоски, па поради погоре искажаните лажни вести од негова страна, кои беа проследени во електронските медиуми, ве известуваме дека ни во минатото ни сега до Амбасадата на република Белорусија во Белград и неговата екселенција амбасадорот Валериј Брилјев, ни во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје не се доставени никакви жалби. Исто така, ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми, од каква било природа и какви било размери.  Сакаме да посочиме, воедно и да потврдиме дека сѐ што беше искажано се едноставно лажни вести.  Во моментот се подготвува Нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Белград до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за погоре искажаните лажни вести”, пишува во соопштението од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје. 

Милошоски праша дали наводно на бизнисмен кој добил тендер за РЕК Битола функционер од власта му побарал 250 илјади евра по што тој се јавил кај амбасадорот на Белорусија во Белград за да побара заштита. 

Премиерот Зоран Заев рече дека тоа се лаги. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање