Добивај вести на Viber
По речиси три часа прекин на трговијата, Nasdaq почна со работа. Прво делумно, а сега работата постепено се норнализира. Nasdaq ја прекина трговијата со сите хартии од вредност поради технички проблем, соопшти CNBC.
Покрај суспензијатата беше најавено дека сепак Nasdaq нема да одбива налози, а клиентите кои сакаат да се откажат, можат да го сторат пред продолжувањето на трговијата.
Портпаролот на американскиот берзански регулатор коментираше дека ситуацијата е под надзор.
Њујоршката берза само кратко соопшти дека запрела трговијата со сите хартии од вредност од Nasdaq и се поништени нарачките. Од берзата засега одбиваат повеќе коментари на оваа тема.
Денешниот прекин доаѓа само два дена откако пазарите на акции беа потресени поради грешка на Goldman Sachs Group Inc. Тоа повторно го покренува прашања за сигурноста на електронските системи за трговија наведува Bloomberg.
Nasdaq беше подложена на жестоки критики минатата година, кога се воспоставија пропусти при излегувањето на берза на Фејсбук и се предизвикаа загуби од милиони долари.
„Тоа е само еден од овие проблеми што се случува со електронските системи", коментира Франк Ингара, главен претставник во NorthCoast Asset Management LLC.
Тој нагласува дека е важно да се има алтернативи на овие системи.
Сомневања за какви технички проблеми се зголемија претходно во текот на денот, кога Arca ги одби нарачките за акции од Nasdaq. Притоа беше забележан пад на цената на неколку позиции, вклучувајќи ги и акциите на Apple и Yahoo.