05 Мај, 2024
0.0243

Берзата направи измена во начинот и постапката за избор на најтранспарентното котирано акционерско друштво

Објавено во: Економија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Во насока на продолжување на воспоставената пракса на Берзата за доделување на  традиционалната годишна  награда „Кристално ѕвоно” на најтранспaрентното котирано акционерско друштво во Република Македонија, а со цел уште поголема објективност и инволвирање на повеќе релевантни преставници во изборот и вклучување на пошироката инвестициска јавност, информираме дека Берзата направи измена во начинот и постапката за избор на добитникот на оваа награда.

Во продолжение на кратко се објаснува постапката за избор на најтрансапрентното котирано акционерско друштво на Македонска берза.

Кандидати за избор на најтранспарентни котирани друштва за една календарска година се сите акционерски друштва кои во текот на таа година биле котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза. Евалуационата постапка се одвива во две фази: елиминационо ниво и избор.

Во првата фаза, врз основа на критериумите за избор, Кандидационата комисија формира кратка листа од 10 котирани акционерски друштва – кандидати за доделување на наградата „Кристално ѕвоно”. Кандидационата комисија ја сочинуваат претставници на Берзата, членки на Берзата, друштва за управување со инвестициски фондови  и стручната јавност.

За потребите на втората фаза се изработува посебна on-line анкета во форма на прашалник која ќе биде дистрибуирана до целните групи на оценувачи. Начинот на дистрибуирање на on-line анкетата е следен:

·за целната група инвеститорска јавност во која влегува пошироката инвестициска јавност, анкетата ќе  биде поставена на интернет страната на Берзата со што се дава можност на секој кој ја посетува интернет страната на Берзата да даде оценка по однапред дефинираните категории за избраните друштва.

  • за целната група медиуми, линкот до електронската анкета ќе биде дистрибуиран по електронски пат до избрани печатени медиуми, телевизии и интернет портали;
  • за целната група пазарни учесници, линкот до електронската анкета ќе биде дистрибуиран по електронски пат до сите членки на Берзата- банки и брокерски куќи, друштва за управување со отворени инвестициски фондови и 2 пензиски фондови;

По пополнување на on-line анкетата Берзата ќе изврши прибирање на сите оценки по категории и групи на оценувачи и ќе изготви табела со збирните поени за секое друштво, согласно Методологијата усвоена од Одборот на директори на Берзата. Првите три друштва со најголем број на поени ќе ја добијат годишната награда „Кристално звоно” за прво, второ и трето најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза, соодветно.

Доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно”за 2016 година ќе се изврши во рамките на годишната конференција на Берзата што ќе се одржи на 21.04.2017 година во Охрид.

Табелата со збирните поени за сите друштва јавно ќе се објави на веб страната на Берзата како ранг листа на 10-те котирани друштва кои биле оценувани, како приказ за тековната состојба, односнопоттик за останатите котирани друштва во насока на  зголемување на нивото на транспарентност во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?