02 Мај, 2024
0.0312

БЕРЗАТА ВО ЗЕЛЕНО: Првичниот шок помина, но какви цени ќе крои војната?

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Позитивен ден на Македонската берза, откако вчера цените на акциите паднаа остро. Негативната реакција се должеше на нападот на Русија кон Украина, што предизвика страв на инвеститорите ширум светот, а и силна рефлексија на македонскиот пазар на капитал. Сепак денеска, македонскиот берзански индекс МБИ 10 се зголеми за 4,3 проценти на крајот на тргувањето. Сите акции кои го креираат, а и останатите хартии од вредност се во зелено.

Дел од акциите пораснаа денеска за исто толку колку што изгубија вчера, но дел не ја надоместија загубата. Брокерите ширум светот, па и домашните анализираат дека иако реакциите се очекувани, не треба да се дозволи стравот да го умртви пазарот особено поради добрите перформанси на компаниите кои заздравуваат и покажаа одлични резултати и во продолжена пандемија.

Домашните компании сега ги објавуваат резултатите за првиот квартал кои го потврдуваат позитивното очекување. Од Генерали инвестментс велат дека пред каква било емотивна реакција, треба да се погледнат минатите искуства, а историјата од Втората светска војна па наваму во однос на пазарите на капитал не учи дека моментот кога ќе се заостри омразата, стравот е најголем, а расудувањето е најмало. 

„Емоциите ја заматуваат логиката и инвеститорите сакаат само апсолутна сигурност. Но, падовите на главните берзи (САД, Европа) по избивањето на Виетнамската војна, Првата и Втората војна во Ирак, конфликтот во Авганистан и последно, но не и најмалку важно руската окупација на Крим во 2014 година, покажуваат дека е предоцна за промена од поризични капитални инвестиции во посигурни. Краткорочните, политички мотивирани падови на пазарите на капитал често носат со себе долгорочни економски можности, иако инвеститорите гледаат многу мрачна иднина во овие тешки моменти што ги изненадуваат. Но, веќе споменатото искуство сугерира декамора да се одржи инвестициска дисциплина, бидејќи опасноста и стравот носат можности, велат од Генерали инвестментс.

Додаваат дека падот на берзите е привремен и очекуван феномен. 

„Флуктуациите се случуваат затоа што вредностите на финансиските пазари се директно поврзани со социјалните, политичките и економските случувања во светот, вестите и очекувањата на инвеститорите и емотивните одговори на нив, велат од Генерали инвестментс.

А.Т. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот