Беше министер за здравство, сега ќе изнајмува велосипеди
Објавено во: Економија 13 Мај, 2018
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, најави дека општината ќе обезбеди две локации каде ќе бидат отворени пунктови за изнајмување велосипеди.
Таравари наведува дека ваквата одлука е со цел да се мотивираат граѓаните повеќе да користат велосипеди, бидејќи тоа е во корист и за нивното здравје, но и за намалување на загадувањето на животната средина.
Градоначалникот на Гостивар денеска учествуваше на велосипедска трка што ја организираше Советот на млади.