27 Април, 2024
0.0292

БЕСИМИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОВИСОКА ПЛАТА ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ - еве каде ќе го бара „чарето“

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот Бесими се огласи за неговата одлука која ја дфонесе, а потоа ја повлече, да се зголемат платите во неговиот ресор за 30 отсто.

„Интенцијата да се зголемат платите на вработените во Министерството за финансии беше моја и инцијатива на раководството во институцијата и на таа интенција остануваме, но ќе го бараме преку системско решение или одредба која нема да има дилеми околу правно толкувањето“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Останувам на интенцијата дека вработените чија работа директно е поврзана со буџетските прашања и што е исклучително важна, треба да имаат трипати повисока плата и тоа треба да се реши. Идејата беше во рамките на Закон за буџети, бидејќи се однесува на таа област и таму да се даде таква можност, но од правен аспект во моментот кога требаше да се имплементира и да се направат пресметките за исплата, имаше различни толкувања и оставивме простор наместо да се исплати платата па потоа вработените да треба да враќаат, да се констатира што е реалната состојба“, рече Бесими.

Тој додаде дека секој вработен ќе го добие она што му следува согласно закон, и дека не е интенцијата дека некому се одзема, напротив, вели министерот, тоа прашање не беше резултат на некои преговори, ниту со вработените во Министерството за финансии, ниту со синдикатот, тоа беше моја лична иницијатива и раководството на Министерството затоа што реално гледавме потреба и притисок од пазарот на трудот.

„Нема никаква дилема дека тоа што е право на вработените ќе се оствари и тоа беше интенција што произлезе од нас во Министерството како раководство, за да се направи едно разграничување дека Министерството за финансии визави другите министерства е поддршка за сите институции во Владата и нивно непречено функционирање. Затоа бараме системско решение, како што беше направено минатата година со решавање на прашањето со минималната плата, со пензионерите, а исто така и со Законот за јавна администрација“, рече министерот.

Тој појасни дека со тоа системско решение минималната плата веќе од март ќе има раст и тоа е веќе предвидено во Буџетот за 2023 година. Тоа значи дека со усогласувањето согласно утврдените критериуми платата на сите вработени во државната администрација, ќе се зголеми за дополнителни околу 2.200 денари. Тоа значи дека платата на државен советник која е 39.000 денари ќе има зголемување од 5 отсто, а кај другите и повеќе. Тоа се однесува за сите вработени, не само за вработените во Министерството за финансии, а значајно е дека во јавниот сектор нема да има вработени кои ќе земаат плата под минималната плата“, појасни министерот Бесими и додаде дека дополнително во последните години имаше и неколку зголемувања на платите во различни области, како судство и обвинителство 15 отсто, образование 15 проценти, високо образование 8 и 7 отсто, инспекторатите по 10 отсто во три последователни години, здравство, МВР, Армијата и други институции.

Министерот појасни дека системското решение се бара преку нов закон на кој работат Министерството за информатичко општество и Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии или дополнителна интервенција во Законот за Буџети дека со тоа решение ќе се заштити стандардот на граѓаните и интегритетот на вработените во јавниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра