БЕСИМИ: РАКОВОДИТЕЛИ СИ ЗАМИНУВААТ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ И ПЛАТИ, од 700 сега во МФ има околу 400 вработени
Објавено во: Финансии 25 Јануари, 2023 13:24
Скоро преполовен е бројот на вработени во Министерството за финансии, раководители на сектори даваат откази. На друго место добиваат повеќе можности и подобри услови. Министерството за финансии беше и единствениот пример во целата државна администрација кое имаше пониска плата од органите во состав – УЈП и Царинската управа.
Вака ресорниот министер Фатмир Бесими го образложи зголемувањето на платите во МФ кое стартува од овој месец. Морало да се најде привремено решение додека профункционира системски процесот на ниво на цела јавна администрација.
- Платите од јануари се зголемени, но тоа е од едноставна причина – додека во други институции имаше најави за штрајк и протести, во МФ тоа го немаше, но има голем одлив на кадар. Голем дел наоѓаа работа во други институции. МФ имаше 700 вработени, а сега се околу 400. Лани 40 луѓе го напуштија МФ надвор од тоа што беше планирано со пензионирањето. Огласите беа заради надвор од тоа во планот за човечки ресурси во буџетот на МФ, луѓето го напуштаат Министерството. Доаѓаат раководители на сектори, даваат отказ, едноставно си одат. Многу работа, на друго место добиваат можности за подобри услови. При огласи неа соодветни кадри што се пријавуваат. Мораме да обезбедиме човечки ресурси за да функционира институцијата. Ова решение е додека се заврши со двата закона на кои ние инсистираме системски да се решат овие работи - рече Бесими.
Појасни дека растот на платите е предвиден во буџетот и вклопено во однос на 4,6 проценти вкупен дефицит, како и во однос на тоа што значи фискална консолидација.
- Да го оставиме МФ без вработени, да немаме буџет воопшто, да не работи никој. Тоа ли е прашањето? Направено е усогласување со органите во состав. МФ е единствена институција каде вработените имаа пониска плата од УЈП и Царинската управа и тоа е решението. Тоа е во Законот каде што е ставено дека 30 отсто се во однос на платите од минатата година, истакна Бесими.
Во однос на платите, додаде, се гледа тие да бидат во рамки на реализација на функциите, на побарување на услугите, но и согласно реформите во јавната администрација и организацијата на државните органи.
- Се прават напори да се оптимизира администрацијата од аспект на организациска поставеност на институциите и од аспект на бројот на вработени, а во исто време да се подобри квалитетот и да се зајакне капацитетот - нагласи министерот.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




