13 Март, 2025
0.0367

Бесплатно по невеста од Русија и Украина, а на општински трошок свадбата?!

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2013 14:59

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Македонски Брод загрижен поради се поголемиот број на ергени им нуди на момчињата од Поречието бесплатно патување до Русија и Украина за да си најдат невести и ветува свадби на општински трошок.

Во Македонски Брод некогаш живеаа 24 илјади жители. Денеска, тој број е трипати помал. Девојките најчесто заминуваат во град или во странство. Милосим Војневски, градоначалник на Македонски Брод кандисува над 200 стари ергени од Поречието да се оженат. Имале меѓу 35 и 50 години, а не формирале семејство. Преку невладина организација од Битола им нудат Русинки и Украинки, не постари од 35 години. Но, интерес нема, велат локалните власти во Македонски Брод. Досега се пријавиле само 4, а требаат најмалку 20 за да се формира група - на општински трошок да одат во Русија и Украина и да избираат невести. Општината ќе плати и за свадба и ќе издвои помош само работата да биде, објави за „Канал 5“. Младите од Поречието бегаат, девојките се мажат или во град или во странство. Општината некогаш имаше 24 илјади жители, а денеска 8.500. Од нив, шест илјади се во Македонски Брод, а другите две илјади во 50 села од оваа, најголема по територија општина во Македонија. Лани имало 49 новороденчиња, а умреле близу 100 луѓе. Во опстанокот на населението во селата, тврдат од општината, најголем придонес имаат невестите од Албанија. Ги има 68, кои родиле 192 деца. Скоро на старите ергени ќе им бидат понудени и други поволности во пари и развој на селскиот, планинскиот и спеолошкиот туризам, само бројот на жителите во Пречието да остане на сегашното ниво.

Можеби ќе ве интересира

Пролетна промо понуда за патничко осигурување од МинтИнс, плати 30 дена добиј 90 дена

Пролетна промо понуда за патничко осигурување од МинтИнс, плати 30 дена добиј 90 дена

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime

А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime

Посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски ќе биде промовиран во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски ќе биде промовиран во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Започнува најголемата акција на Сетек - сè од техника, Сетек Денови, каде попустите стигнуваат и до 70 отсто!

Започнува најголемата акција на Сетек - сè од техника, Сетек Денови, каде попустите стигнуваат и до 70 отсто!

Наградата „Оливера Николова“ ќе ја ревитализира литературата за деца и млади

Наградата „Оливера Николова“ ќе ја ревитализира литературата за деца и млади

ПРОФ. Д-Р ЈОВАН ВЕЛЕСКИ: СО ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ДО ПОГОЛЕМА СВЕСНОСТ ЗА ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ПРОФ. Д-Р ЈОВАН ВЕЛЕСКИ: СО ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ДО ПОГОЛЕМА СВЕСНОСТ ЗА ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Иновативниот уред IQOS достапен и во Веро Куманово

Иновативниот уред IQOS достапен и во Веро Куманово

Вкусот на Латинска Америка во Limak Skopje Luxury Hotel

Вкусот на Латинска Америка во Limak Skopje Luxury Hotel