И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите
Објавено во: Економија 12 Март, 2025 11:41
Солидно половно возило со старост од десет години вреди најмалку 7.000 евра на пазарот на употребувани возила во Македонија. Ако до пред неколку години можеше да се најде автомобил во добра состојба за 3.000 евра, сега тоа е мислена именка.
Во меѓувреме се променија и регулативите на Царинската управа, со кои идејата беше наместо да и плати на државата данок за толку старо возило, купувачите да си ги вложат парите за да си купат поново возило со помала емисија на СО2, со помала амортизација и возило кое помалку загадува.
Една од причините за високата цена на половни возила во земјата е и тоа што се многу високи давачките кон државата, а тоа може да се види и од Данокот на моторни возила кој го наплаќа Царинската управа.
Увозниците од специјализирани фирми за продажба од скопскиот регион кои ги контактиравме, ни рекоа дека учеството на административните давачки во цената на овие автомобили е доста висока, особено во последно време.
- Данокот за моторни возила е основата, но има и други ставки, а пресметката при увоз на овие возила е комплицирана. Ако е постаро возилото, дополнително се плаќа еколошка такса и издувни гасови ЦО2, но ако е полуксузно, поново и над 10.000 евра, се плаќа се поголема акциза со раст на вредноста. По тоа се гледа дека како и да се свртиш, ќе плаќаш големи давачки. Ако се помали овие трошоци што ги наметнува државата и ние ќе понудиме пониски цени. Луѓето овде немаат баш многу пари за ново возило, а сепак имаат потреба да купат и купуваат користено, вели еден од увозниците сопственици на авто-плац со кого „Фактор“ контактираше.
Наплатата на Данокот на моторни возила од страна на Царинската управа е најбрзорастечка од сите други, а тоа може да се види во објавениот извештај за работењето во 2024. Минатата година само по овој основ биле наплатени 2.661.000.000 денари, односно 43,6 милиони евра.
Во однос на една година претходно растот на ова наплата е зголемена за околу 25 отсто, а споредено со 2022 е безмалку двојно повеќе. Тогаш биле наплатени само 24,2 милиони евра.
Во меѓувреме односот при увоз на употребувани и нови возила и натаму останува 4-1. Лани биле внесени во земјата 13.158 нови, наспроти 41.483 половни. И оваа година соодносот е сличен по првите два месеци. Новопроизведени се 1.768, а употребувани биле 7.255.
Како илустрација, на почетокот од годинава кога Царинската управа објави дека во акција се запленети 35 автомобили, директорот Бобан Николовски рече дека „возилата вределе вкупно 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета од 9 милиони денари“
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




