Без целосна имплементација на договорот за ЕУ остануваме ПЈРМ
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
И покрај договорот на кој вчера ставија потпис Македонија и Грција остануваме Поранешна југословенска Република Македонија за Европската унија.
Ова го потврдила портпаролката на Европската комија, Маја Коцијанчиќ.
Таа прецизирала дека се додека не се имплементира целосно договорот Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.
„Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега“, посочила Коцијанчиќ.