26 Април, 2024
0.0269

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на форумот Еуромани во Виена

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Овој форум  е еден од водечките настани од областа на финансиите на кој редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, директори на финансиски институции и инвеститори, соопштија нивните прес служби.

„Традиционално, во дискусиите и анализите на учесниците, вниманието е насочено кон најважните прашања за пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).  Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе биде еден од четирите говорници на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки, дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа и изгледите за економскиот раст во регионот. Истовремено, високите претставници на повеќе централни банки ќе говорат и за регионалната инфлација и перспективите на девизниот пазар, за импликациите од структурните промени на платните системи, како и за улогата на банките во монетарната политика. Во програмата на Форумот е предвидено оваа панел-дискусија да следи по воведното обраќање на гувернерот на Австриската централна банка и член на Советот на гувернери на Европската централна банка, д-р Евалд Новотни, стои во соопштението од НБРМ

Инаку на Форумот ќе се дискутира и за други прашања важни за економиите во ЦИЕ, при што внимание ќе им биде посветено и на иновациите во банкарството и на прашањата сврзани со иднината на банкарските системи. Одделно ќе се говори и за актуелните состојби на релација пазари на капитал – корпорации – банкарски систем, влијанието на нефункционалните кредити во регионални и глобални рамки и програмите за одржување на стабилноста на регионалните банкарски системи. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката