БЕЗУСПЕШНО БАРАЛ ЧЕВЛАР: Ова е вистината за работните места кои никој не ги сака
Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2018
Во Кладово во Србија има 60 слободни работни места со нето плата од 650 евра или 900 евра бруто.
Но, за овие работни места никој не се пријавува. Во овој град имало просечна плата во август од 46.178 динари, но никој не сака да работи за 77.000 динари, пишува српски Курир.
Но, дека луѓето не сакаат да работат и за 1.000 евра, потврдува работодавец во близина на Чачак.
Тој барал заварувач, а нудел стан и храна.
Тешко се наоѓаат занаетчии, бравари, чевлари, и заварувачи.
Дефицитарни се и возачите и готвачите. Возач во Србија може да заработи 500 евра, а во Европа пет пати повеќе. Од занаетите се бараат и автолимари и автомеханичари.
фото Курир.рс