Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година
Објавено во: Финансии 10 Мај, 2024 13:17
НЛБ Групацијата до 2030 година ќе стане водечка банкарска Групација во регионот, со повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и добивка од една милијарда евра. Ова е основата на новата, амбициозна деловна стратегија на НЛБ Групацијата, која вчера беше претставена на вториот по ред „НЛБ Ден на инвеститорите“ во Љубљана, пред повеќе од 200 странски инвеститори, финансиски експерти, аналитичари, претставници на клучни регионални компании и медиуми.
Развиена како одговор на променливото банкарско опкружување, претстојните предизвици, но и новите можности, стратегијата предвидува до 2030 година НЛБ Групацијата да стане лидер во сегментот на мали и средни претпријатија, истовремено играјќи водечка улога во областа на финансирањето на енергетската транзиција, каде обемот на ваквите заеми ќе изнесува 3,2 милијарди евра.
Голем акцент е ставен и на дигитализацијата и вештачката интелигенција, а една од стратешките цели е учеството на мобилните плаќања да надмине 80 проценти, во чија реализација НЛБ Групацијата има намера да инвестира меѓу 170 и 200 милиони евра во наредните пет години.
Заклучок на вториот „Ден на инвеститорите“ на НЛБ е дека како најголема банкарска Групација со седиште и ексклузивен стратешки фокус на Југоисточна Европа, го препознава големиот потенцијал на овој регион. Затоа новите стратешки цели се амбициозни, но реални.
За потсетување, на вчерашниот „Ден на инвеститорите“ во Љубљана, НЛБ Групацијата ги објави и трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, за кои Групацијата обезбеди вкупен награден фонд од 100.000 евра. Оваа сезона баравме иновативни проекти од регионот кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат различни предизвици.Добивме вкупно 272 апликации од сите пазари каде што работи НЛБ Групацијата, а меѓународното жири избра три регионални победници за кои сметаше дека најмногу можат да помогнат да се надминат предизвиците во општеството, системските нееднаквости и да придонесат кон благосостојба на поединци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





