28 Април, 2024
0.0505

Бидете дел од бесплатниот вебинар на КИБС и Nextsense: „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2024

Добивај вести на Viber

КИБС и Nextsense организираат бесплатен интерактивен вебинар под наслов „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“ кој ќе се одржи на 21 март 2024, со почеток од 14 часот.

Како директен резултат на глобалните текови и рапидниот раст и развој на полето на дигиталната трансформација, услугата OneID беше лансирана при крајот на 2021 година како прва македонска услуга за електронска идентификација изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. OneID е услуга за електронска идентификација на граѓаните на далечина при користење на онлајн услуги од правни лица која овозможува онлајн-идентификација на корисници преку мобилен уред со високо ниво на доверливост.

За многу краток период, Оne ID беше препознаена и имплементирана во работата на неколку водечки компании во земјава, па токму поради зголемениот интерес во бизнис-секторот, КИБС и Nextsense на специјален настан ќе ги претстави досегашните позитивни искуства, придобивките и предностите кои произлегуваат од нејзината имплементација. На овој вебинар, говорниците Сузана Тасевска и Виктор Крстевски ќе ги опфатат следниве теми:

Што е електронскиот идентитет и со кои предизвици се соочуваат компаниите при верификација на идентитетот? Кои се потенцијалните ризици?

Што е OneID, како функционира и за кого е наменет?

Како OneID ќе го подобри корисничкото искуство преку поедноставување и забрзување на процесите како што се отворање сметка, потпишување документи и пристап до услуги?

Каква е моменталната законска регулатива на полето на верификацијата на електронскиот идентитет? Како OneID e усогласен со релевантните закони, индустриски стандарди и рамките за заштита на податоци?

Вебинарот ќе има интерактивен карактер, што значи дека присутните ќе добијат можност да поставуваат прашања во врска со услугата OneID и нејзината имплементација. Заинтересираните за учество на вебинарот „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“ можат да го регистрираат своето присуство на следниот линк: https://bit.ly/3IjG4no и да го направат првиот важен чекор кон дигитална трансформација на нивните компании.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг