Бик го уби својот седумдесет и тригодишен стопан
Објавено во: Македонија 11 Август, 2021
Бик го уби својот седумдесет и тригодишен стопан од Штип.
Полицијата информира дека денеска во 10.10 часот, Итната медицинска помош пријавила дека околу 9 часот во местото наречено „Плуждино" во атарот на Штип 73 годишниот Ѓ. С починал откако го нападнал неговиот бик. Увид на местото извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на семејството.