04 Мај, 2024
0.0248

Бил Гејтс и други богати луѓе ќе се борат за чиста средина

Објавено во: Економија 20 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Дел од најбогатите луѓе на светот, меѓу кои и милијардерот Бил Гејтс, се обединија во борбата против климатските промени. 

Една од целите  е запирање на катастрофалните климатски промени кои ѝ се закануваат на планетата. Гејтс вели дека овие пари ќе се вложат во нови потенцијални извори на евтина енергија кои во иднина ќе се користат насекаде низ светот. Според него, овие нови извори мора да бидат достапни за секого и секако да не ја загадуваат животната средина.

Кон оваа инвестиција од една милијарда долари се приклучија и основачите на Amazon, Alibaba, како и многу други бизнисмени вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг. Овие пари ќе бидат инвестирани во нови форми на зелена енергија. 

Фондот своите инвестиции ќе ги пласира во целиот свет во следните 20 години. Инвестициите ќе го поттикнуваат производството и складирањето електрична енергија, превозот, индустриските процеси, земјоделството и енергетската ефикасност и друго. 

Гејтс и претходно изјавувал  дека е посветен на активности кои се однесуваат на климатските промени. Проектот го најави пред околу една година. Официјалната најава дојде после преговорите за климатските промени во Париз, организирани од Обединетите Нации.

Бил Гејтс важи за најбогатиот човек на планетата според листата објавена од Форбс. Во проектот учествуваат 20 инвеститори, кои поседуваат  некаде околу 170 милијарди долари.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?