09 Октомври, 2024
0.0251

Била на работ на СИРОМАШТИЈАТА, а сега е ЕКОНОМСКО ЧУДО

Објавено во: Стил 07 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќето јужни европски земји последниве години се бореа со доста лоша економска ситуација. Но и тоа полека се менува, а ако ја земеме предвид Португалија како пример, ќе забележиме дека нејзината економија закрепнува подобро од другите држави.

Португалија во 2011 година поради криза земала кредит од 78 милијарди евра од ЕУ и ММФ. Невработеноста била голема, во 2013 била речиси 17,5 отсто, многу фирми бакнротирале-речиси 41 отсто престанале да работат. Денес Португалија има раст од 2,7 отсто.

Податоци од 2017 година, покажуваат дека Франција бележи раст од 0,6, Шпанија 0,7, Италија 0,3 и Холандија 0,8 отсто.

Се тоа денес се чини нестварно ако е познато дека таа земја покрај Грција и Шпанија беше една од европските земји кои најмногу ја погоди кризата. ММФ и меѓународните кредитори изгледаа како единствено решение.

Тоа и се случи. Тогашната конзервативна влада го подигна ДДВ-то, се воведе и дополнителен данок на прихоти, платите, пензиите се намалени, а се зголемил бројот на работни часови. Сето тоа не дало некаков резултат.

Економското закрепнување се случило дури во 2015 година со промена на власта. Формирана е социјалистичка партија со поддршка на екстремната левица.

Наместо штедење, новата влада имала став дека треба да се зголеми потрошувачката. Новата влада ветила дека ќе ја зголеми минималната плата, ќе ги поништи зголемените даноци, ќе ги врати платите и пензиите на нивото пред кризата, па платите во јавната администрација пораснале и за 30 одсто, а вратени биле и четири претходно откажани празници. Социјалната помош се зголемила.

Новиот премиер Антонио Кошта, тврдел дека штедењето ја уназадило земјата, а еконосмкиот пристап на неговата влада, противниците го нарекоа „вуду економија.“ Тие имале лошо претчувство, но се случило спротивното.

Со новиот начин, Португалија успеала да привлече и нови инвестиции и да ги зголеми платите и пензиите и да го намали фискалниот дефицит. Резултатите се импресивни. До крајот на 2016 година, нешто повеќе од една година од формирањето на новата влада, властите можеле да се пофалат со одржлив економски раст и скок од 18 отсто во инвестиции. Португалскиот министер за финансии, Мануел Калдеира кажал дека неговата земја е мало економско чудо.