18 Мај, 2024
0.0299

Билјана Ивановска: Потребен е софтвер за следење на добитници на тендери кои се донатори на партии

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, коментирајќи го најновиот узвештај на индексот за корупција на Транспаренси интернешнл, се согласи со истиот дека е целосно точен и објективен и побара да се инсталира систем во Македонија кој ќе пронаоѓа поврзаност на добитниците на тендерите со донациите за политичките партии.

Таа упати повик до одговорните што е можно побргу да се реши овој проблем, бидејќи една година не е можно да се набави софтвер како решение за овој сегмент од корупцијата.

- Во Македонија се уште не може да се имплементира софтвер кој ќе може да пронаоѓа врска помеѓу оние кои добиле тендери од државата и истовремено се донатори на политичките партии пред изборите, вели првиот човек на ДКСК.

Антикорупциска, според тоа, мора по потешкиот пат да ги утврдува слабостите кога станува збор за влијанието на бизнисот во политиката преку јавните набавки.

Ивановска забележа дека во предизборниот период има и хиперпродукција на огласи за вработување во јавниот сектор.

- Во јануари има се помасовни огласи за вработувања, што остава простор да се врши влијание за гласачкото тело, особено што завршницата е по изборите, односно во меѓувреме има исчекување, изјави Ивановска пред медиумите.


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза