18 Мај, 2024
0.0267

Биогоривата загадуваат за 60 проценти помалку од фосилните горива

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Биогоривата од растително потекло во одреден процент можат да се додадат во стандардниот бензин и дизел-гориво и со тоа да се оствари намалување на емисијата на штетни гасови од возилата.

Со целосна замена на дизел-горивото со биодизел би можело да се оствари намалување на емисијата стакленички гасови за 70 проценти.


Со цел да се одреди потенцијалот на декарбонизација од употребата на биогорива, во Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, направена е споредба на намалувањето на стакленичките гасови доколку фосилните горива се заменат со биогорива.  

Според табелата од Извештајот намалувањето на пресметаните стакленички гасови при замена на фосилните горива со соодветни биогорива е 70 проценти доколку се исклучи индиректниот ефект од производството на биогоривата, а 50 проценти доколку се вклучи и ефектот на стакленички гасови од одгледувањето на растителните култури од кои се добива биогоривото.


Со целосна замена на дизел-горивото со биодизел може да се оствари намалување на емисијата на стакленички гасови за 74,3 проценти или 47,4 отсто, доколку се вклучи и ефектот врз животната средина од нивното производство. Доколку се замени бензинот со биоетанол тогаш може да се оствари намалување од 67 проценти или 55,5 проценти на емисијата на стакленички гасови.

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол.   

Од дизел-горивата продадени во Европската Унија во 2017 година 83,8 проценти биле Б7 – односно содржеле до 7 проценти чиста биодизел компонента, аБ7+ биле 16,2 проценти, односно содржеле повеќе од 7 проценти ФАМЕ.   


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата