27 Април, 2024
0.0271

Битиќи: Ангажманот на советниците и нивните плати се нужни во моментов

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Имаме веројатно разединување во ставовите што е високо, а што е ниско. Пазарот го одредува тоа и тоа е одлука лично на премиерот, а мое коментирање во таа насока не е соодветно. Вака одговори вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на прашањето за високите плати на советниците кои ги има премиерот, а чии плати беа објавени јавно викендов. Битиќи вели дека во моментов ангажманот на советниците е нужен и дека тоа трошење пари е соодветно односно не е непродуктивно. Беше објавено дека највисокиот приход за советувањето на премиерот во моментов го има Зоран Верушевски кој за својот ангажаман месечно зема 74.618 денари.

„Советниците и нивните плати се нужен трошок за функционирање на канцеларијата на премиерот и канцелариите на министрите па еве и на мојот кабинет. Трошењата треба да се гледаат од аспект дали се рационални или нерационални трошоци. Во овој случај станува збор за рационални трошоци. Сите до еден кои извршуваат фунцкиии покажавме дека грижата за граѓаните ни е на прво место. Ние веќе рационализираме на други места каде утврдивме декаима непродуктивни трошоци, но ова се секојдневни обврски, рече Битиќи. 

На забелешката дека со овие пари можеби ќе можеа да се купат компјутери за учениците кои немаат за да следат онлајн настава Битиќи рече дека Владата не добила такво барање, затоа и не расправала и не одговорила на тоа. 

Во новиот состав на советници е значително намален од претходниот кој броеше 56 лица и сега има вкупно 23 членови. 

Еве ги сите надоместоци и сите советници.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра