Битиќи: Ќе биде потребен и нов пакет мерки за помош, го креираме буџетот за догодина
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020
Најверојатно ќе треба да има и четврт и петти пакет мерки, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавува дека е можно да се носат дополнително и нови одлуки. Во моментов се работи на буџетот на државата за следната 2021 година и тој вели дека во него дополнително може да се инкорпорира помош.
Битиќи вели дека треба да се видат какви се ефектите од последните мерки. Дел од нив веќе се применуваат за дел се чека ребалансот на буџетот кој е во собрание.
-Ќе треба и петти и шести пакет на мерки за справување со кризата од вирусот. За тоа ќе зборуваме и цела 2021 година. Колку и да треба ќе донесеме мерки за полесно да ја надминеме кризата и овој период.