БИТИЌИ: Повеќе институции доведуваат до поголема бирократија и непотребно трошење на ресурси
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2024 12:38
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на синоќешната собраниска дебата кажа дека реорганизацијата на министерствата не носи бенефит за граѓаните.
Според него, ова ќе се покаже како неефикасно.
„Ефикасноста секогаш вели со помали трошоци да се добива повеќе. Напротив. Повеќе институции доведуваат до поголема бирократија, непотребно трошење на ресурси и дополнителни компликации во координацијата на различните институции. Наместо да се подобри ефикасноста се создава хаос и конфузија. Овој закон не нуди суштински и институционални подобрувања. Многу институции не се укинуваат туку се преименуваат. Ова претставува игра на празни зборови и не носи никакви придобивки за граѓаните. Преименување на институции без вистинска промена на нивната структура и надлежности создава илузија на реформи, а проблемите ќе продолжат“, рече пратеникот.
Битиќи кажа дека зад законот се крие политичка мотивација и ништо друго. Македонија наместо 16, ќе има 20 министерства.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




