Добивај вести на Viber
Општина Битола изготви техничка документација за изградба и реконструкција на спортско - рекреативен комплекс – Битола, фудбалски стадион за 12.000 гледачи, објави ТВ Тера.
Преку својата веб страница оштината ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица на ден 10.10.2014 година во 12 часот да присуствуваат на увидот во електронскиот запис на техничката документација.
Исто така се покануваат заинтересираните да достават предлози, сугестии и мислења и да земат учество на јавната дискусија во начинот на реализација согласно Законот за концесии и Јавно приватно партнерство Сл.весник бр.6/12. Изјавите за интерес може да се доставуваат и по писмен пат на адреса на Општина Битола.