14 Декември, 2025
0.1467

Битола утрово е „мртов град“, колони возила заминале по земјотресите

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022 09:14

Добивај вести на Viber

Битолчани велат дека по серијата земјотреси кои синоќа го зафатија ова подрачје, ноќта имало невидена раздвиженост, луѓе на улиците, а голем дел од нив со автомобили заминале надвор од градот, по што утрово Битола е „мртов град“. Ваквата слика ја забележале оние кои утрово се упатиле на своите работни места. 

Долги редици возила на бензинските пумпи имало синоќа во Битола.  Битолчани велат дека не само во Лерин,туку дури и во Битола имало оштетувања на постари куќи во кои не живее никој. Раскажуваат дека вакво нешто ретко се случува, а епицентарот на земјотресот, кој се случи во Лерин им е на нешто повеќе од 30 километри оддалеченост.

Луѓето синоќа со автомобили заминаа некаде, веројатно кај роднини, пријатели, на викендици. Се полнеше гориво, веројатно некои останале да спијат во возилата. Секој индивидуалното, а беше навистина страшно. И утрово земјотресите „дрмаа“. Градот е празен. Од она што го видов на социјалните мрежи, имало испукани ѕидови, на некои луѓе им паднале бојлери од потресот. Јас живеам во куќа и се сеќавам дека на 1 септември во 1994 година имаше силен земјотрес, поради што ноќта ја поминавме надвор, под ведро небо во дворот“, вели битолчанка.

Во соседниот град Ресен, многу посмирено реагирале на земјотресот. Велат дека било страшно, но не дозволиле паниката да надвладее и останале дома.

„Силен беше земјотресот, но немаше некоја голема паника, немаше луѓе по улиците“, вели Ерол Куртовски, жител на Ресен.

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран вчера во 22.43 часот во близина на границата на Македонија со Грција. Најсилно тресеше во Битола и околината, а потресот се почувствува скоро низ целата земја. Уште два нови земјотреса беа почуствувани утринава во Битола. Во Лерин во соседна Грција има материјални штети. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово