Добивај вести на Viber
Жители на Битола, организирани преку социјалната мрежа Фејсбук, денеска ќе излезат на протести за чист воздух, незадоволни од алармантните податоци за загадувањето во нивниот град.
Протестниот марш е најавено дека ќе започне вечерва, додека градските власти ќе организираат прослава во чест на 4-ти Ноември - Денот на ослободување на Битола.
„Целта е на овој начин да се испрати порака дека Битола нема причина за прослава, а од властите да се побара итно да постават мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот во градот“, велат организаторите.
Тие ќе положат цвеќе пред мерната станица „Битола 2“ која подолго време не е во функција и која, како што велат од здружението, претставува „споменик во името на екологијата“.
Веќе неколку недели Битола е меѓу градовите со највисоки концентрации на штетни ПМ10 честички во воздухот во Македонија, што го вклучи алармот кај жителите на овој град.