Бизарен бизнис за 8 март - Изнајмете рози за да се сликате на Фејсбук
Објавено во: Економија 08 Март, 2017
Русинка добила бизарна идеја за бизнис за време на меѓународниот ден на жената 8 март со тоа што им овозможува изнајмување на рози со кои би се сликале за социјалните мрежи и со тоа би се пофалиле дека добиле голем подарок од некого.
Жените може да изнајмат букет со рози и во зависност од големината ќе платат меѓу 7 и 17 долари. Откако ќе ги направат селфи фотките букетот ќе биде вратен на доставувачот.