02 Мај, 2024
0.0297

БИЗНИС ФАЦИ, Миноски: Каде јас застанав, ти продолжи!

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Од директор на Државниот пазарен иснпекторат преку Управата за јавни приходи до министер за финансии. 

Минатата година, Кирил Миноски го наследи Зоран Ставрески на местото министер за финансии. Миноски, има 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. 

Важи за личност која не е експонирана претерано, веројатно поради фактот што Ставрески десет години царуваше со секторот финансии. На министерската позиција дојде во период на најчуствителните политичко – економски прилики во земјава. Уште кога се најави неговото доѓање се очекуваше да ја продолжи политиката на неговиот претходник Ставрески, во делот на менаџирањето со јавните финансии.

„Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа и кога ќе се вкалкулира еврообврзницата. Јавниот долг на државата со издадената еврообврзница ќе биде под 50 отсто, што е под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП.Буџетот е во добра кондиција, а со ребалансот кој е во собраниска процедура се настојува да се задржи развојната компонента и да не се скрати ниту еден капитален проект“, изјави Миноски лани во дел од интервјуата во медеиумите.

Веднаш по добивањето на функцијата Миноски го потпиша емитувањето на новата еврообврзница. А го продолжи и темпото на задолжување кај домашните кредитори, кои со некои аукции беа повисоки од првично планираните. Па препукувањата околу задолжувањата со тогашниот дополнителен заменик-министер за финансии Кире Наумов ги продолжи Миноски.

Миноски лани направи две прекројувања на буџетската каса. Првиот ребаланс го направи веденаш штом стана министер и образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ од 4 проценти на 2,3 проценти. За неполн месец следуваше ребаланс на ребалансот, со што повторно се продлабочи дефицитот. Вториот ребаланс како што образложи тогаш Миноски беше направен за деа се обезбедат пари за обештетување на поплавените семејства од невремето што го лани летото го зафати скопскиот регион. За овој потег наиде на остри критики од опозицијата кои бараа Миноски да направи рез во непродуктивните трошоци и на тој начин да обезбеди пари за обештетувањето, а не преку продлабочување на буџетската каса. Но, Миноски не ги прифати предлозите, и од собраниската говорница цврсто ја бранеше владината економска политика и начинот на менаџирање со народните пари. И покрај двата ребаланса, на истекот на ланската година, Миноски излезе со оптимистички прогнози за економијата.

„ Доколку имаме предвид дека ревидираната проекција изнесуваше 2,3 проценти на БДП доаѓаме до еден раст што се наоѓа над тие проекции и покрај објективните пречки што ги имавме. Не треба да го занемариме влијанието што го имаше политичката криза во РМ која трае речиси две години“, изјави  Миноски.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија