30 Април, 2024
0.0262

БИЗНИС ФАЦИ, Ставрески: Тивко заминување на кумот!

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

По седум години на чело на Министерството за финансии, лани ја напушти министерската позиција. Во јуни лани Зоран Ставрески поднесе оставка од функцијата министер за финансии, но и од функцијата потпредседател на Владата - како што изјави од здравствени причини. Ставрески на позицијата министер за финансии лани беше само шест месеци. 

„Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија“, изјави во јуни лани Ставрески.

Во шесте месеци додека беше на министерската позиција како колега  според договорот од Пржино го имаше Кире Наумов од СДСМ во улога на дополнителен заменик-министер. Иако на почетокот и двајцата изјавија дека имаат коректен однос, коректноста кратко траеше. Следуваа месеци на меѓусебни конфликти, најмногу за задолжувањата кај домашните но и кај странските кредитори.

Ставрески важеше за личност од доверба на поранешениот премиер Никола Груевски, па затоа и веста за неговата оставка ја зачуди јавноста. Многумина неговата оставка ја поврзаа со ланскот земање на еврообврзницата од 450 милиони евра, која се случи веднаш по неговото заминување од функцијата, а која ја спроведе неговиот наследник, министерот Кирил Миноски. Дел пак коментираа дека влијание за неговата оставка имале опозициските бомби во кои можеше да се слушне како Ставрески не се согласува со голем дел од политиките што ги води актуелната владејачка гарнитура, што пак беше прокоментирано дека било и причина за нарушување на блискоста со Груевски.

А пред да ја поднесе оставката,повеќе од половина година, колку што и беше министер во 2016-та, Ставрески речиси и да не се појавуваше во јавноста. Но, до крајот на својот мандат тој јавно не се конфронтираше со неговата партија и остана доследен во спроведување на зацртаната економска политика и во ек на политичката криза.

„Кога во другите земји се зголемуваше невработеноста, во Република Македонија таа се намали. Извозот растеше и сѐ уште расте и добро е тоа што странските компании ја разбираат оваа ситуација“, изјави лани Ставрески.

Ставрески беше клучниот креатор на економските политики, со одлучувачки збор за тоа како и каде ќе се трошат буџетските пари. Како креатор на ланскиот Буџет, за 2016-та  најави економски раст од над 4 отсто и буџетски дефицит од 2,6 отсто. Но на крајот на 2016-та, проекциите се изјаловија, растот се преполови, а дефицитот се продлабочи. Тој лансираше неколку проекти, мерки и инвестиции. Дел од нив сеуште траат, дел доживеаја фијаско, дел од проектите беа оценети како позитивни, а дел како контроверзни.

Зоран Ставрески кој неговите поранешни колеги го опишуваат како интелегентен и понизен пред надредените, откако СДСМ ги објави  прислушувани разговори во кои тврди дека еден од соговорниците е Ставрески,  јавноста го виде во поинакво светло и со поинакви ставови за Владата и македонската економија. И токму тие прислушувани разговори ја разобличија розовата слика за раководењето со буџетот, состојбата со приходите, македонската економија, наредбите од премиерот Никола Груевски, а Ставрески, на некој начин ги собра симпатиите на дел од јавноста, онаа која не се согласува со начинот на кој се креира и развива македонската економија. И во измината 2016 –та година останува запаметена реченицата на Ставрески од прислушуваните разговори - „ Ние сме лудаци...трошиме за чоколади а немаме за леб“.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас