26 Април, 2024
0.0282

Бизнис-комората контра Бектеши, не сакаат државата да дава 3.000 евра за половни возила

Објавено во: Економија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Сојузот на стопански комори на Македонија не се согласува со најавената можност министерството за економија со 3.000 евра да го субвенционира купувањето на половни возила кои го имаат Еуро 5 и Еуро 6 стандардот во замена сопственикот да го одјави старото кое загадува.
ОД ССК денеска излегоа со соопштение дека ја прифаќаат оваа мерка, која со промените на Законот за моторни возила наиде на голем интерес кај јавноста, но од таму сметаат дека таа треба да важи само за целосно нови автомобили од салоните со нула километража.
Инаку министерот за економија, Крешник Бектеши, изминатиот викенд рече дека кога ќе се носат подзаконските акти, односно кога ќе се доуредува оваа мерка, граѓаните ќе можат да купат и користени, но доколку го задоволуваат еколошкиот стандард.
Од ССК се надеваат дека министерството за економија со промените во законот ќе им овозможат на граѓаните да добијат субвенции дури и ако возилото го купат на кредит, односно да не биде неопходно истото да биде платено во готово.

-Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата истовремено, но не ја гледаме потребата во делот за субвенционирање на половни возила. Сепак, сметаме дека треба да се задржи социјалниот аспект, но истовремено да се поткрепи со еколошкиот, односно да им се овозможи на граѓаните со субвенционирање и со обезбедување бескаматни кредити да можат да си дозволат да ги заменат старите возила со нови што нема да имаат импакт врз животната средина, рече претседателката на ССК Данела Арсовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Таа нагласи дека во светот имало вакви практики, но само за возила што не ја загадуваат или минимално ја загадуваат животната средина.

-До сега не сме имале пракса за субвенционирање половни возила, ниту во Европската Унија, ниту, пак,во поблиската околина и не знам дали можеби Министерството за економија има информации и конкретни примери каде е применето или спроведено такво нешто. Сепак, бидејќи мерката важи и за нови возила веруваме дека е добра, но сметаме дека нејзините крајни ефекти треба да ги опфатат светските практики за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Тоа се постигнува само со мерки што се добро осмислени и долгорочни со кои возилата што загадуваат се исфрлаат надвор од сообраќајот, потенцира Арсовска. 

Со новиот закон се овозможува субвенција од 3.000 евра за ново возило во замена за старо, но истото да не биде поскапо, како што најави министерот Бектеши, од 10.000 до 12.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто