30 Април, 2024
0.0363

БИЗНИС: Нудат здрав оброк во тегла за вработените и добро им оди

Објавено во: Економија 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Владимир Елесин од Нови Сад, Србија поради тоа што живееме брз начин на живот, често сме под стрес и немаме време за правилна исхрана, почнал бизнис со здрава салата која на вработените ја нуди во тегла. 

Почнале со работа во јуни 2014 година, а идејата за бизнисот се родила две години порано. 

Елесин со сопругата и уште една работничка почнале со работа, но уште првиот ден се покажало дека им требаат уште луѓе за да работата не трпи. 

Без никакво гастрономско искуство, но со многу ентузијазам почнале со работата. 

За почеток им требале од 10.000 до 15.000 евра и како што растел бизнисот, така и вложувањата се зголемувале. 

„Подоцна почнавме да броиме затоа што вложувањата растеа. Луѓето мислат дека е обратно, но не е. Вашиот бизнис е ваше дете“ - вели Елесин. 

Додава дека бизнисот не се развива сам од себе, туку се потребни вложувања и знаење. 

За да успеат им било потребно да бидат иновативни и да работат на маркетингот. 

Овој бизнисмен објаснува дека пречка им била бирократијата, доставувачите, но кога ќе се појави проблем советуваат да се реши и да не се откажуваат луѓето. 

За својот бизнис со салата во тегла, вели дека имаат на некој начин монопол и планираат да се шират во регионот и да бидат што поквалитетни. За бизнис фелата додава дека имаат многу проблеми, но никој нема слух за нив во Србија.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи