03 Мај, 2024
0.0258

Бизнисот бара намалување на увозните давачки за суровините

Објавено во: Економија 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Да се укинат увозните давачки за суровини и репроматеријали, или  барем да се ревидираат стапките на нивото на царинските давачки за увоз во ЕУ од трети земји, бара Стопанската комора. Бизнисмените сметаат дека на таков начин ќе им се помогне на извозниците подобро да се справат со кризата. Инаку усогласување со царинските стапки во ЕУ и така ќе треба да биде направено во текот на пристапните преговори, па компаниите сметаат дек аможе да се направи веднаш.

Татјана Штерјова, Директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори вели дека предлогот за укинување на царинските давачки или за нивно ревидирање на нивото на царинските стапки во ЕУ не е нов, но е актуелен и повеќе од кога било во тековните состојби, кога производните капацитети се соочуваат со бројни проблеми во работењето кои сериозно влијаат на нивната конкурентност.


„По правило, царините во основа треба да остваруваат заштитна функција, што би значело дека обезбедуваат заштита на домашното производство на некои производи, со што се „штити“ нивната конкурентност на домашниот пазар. Затоа, беспредметно се чини наметнувањето на царини, за определени суровини и репроматеријали кои воопшто не се произведуваат, ниту пак некогаш се произведувале во македонското стопанство.Проблемот е уште повеќе изразен ако се има предвид дека царинските стапки за увоз на суровини и репроматеријали од трети земји во ЕУ, особено оние што се потребни за производство на технолошки напредни производи, се неколкукратно пониски. Бележиме примери на суровини и репроматеријали кои при увоз во ЕУ од трети земји се ослободени од плаќање на царини, или се наплатуваат царини во минимални износи (0,6% или 0,9%), а за истите тие стоки кај нас се наплатуваат давачки од 10 отсто  или 15 отсто, вели Штерјова.

Од Владата се уште немаат никаков коментар на барањата за намалување на царините.

Штерјова смета дека поврзано со претходното е и прашањето за плаќањето на ДДВ при увоз на суровини и репроматеријали, кои понатаму ќе се искористат за производство на стоки што се наменети за извоз. 

„Долги години извозниците укажуваат на ова прашање, што сериозно ја оптоварува нивната ликвидност, во ситуациите кога и самите имаат ненаплатени побарувања од државата по основ на поврат на ДДВ.

Имено, според важечкото уредување, ДДВ при увоз на стоки се плаќа во исто време кога се плаќаат царинските давачки – оваа обврска останува дури и кога компанијата во исто време побарува многу поголеми износи од државата по основ на поврат на ДДВ, вели таа.

Според неа сега, ако некоја компанија на 10 април реализира увоз на некоја суровина или репроматеријали, ДДВ треба да биде уплатен истиот ден, без оглед кога готовиот производ ќе биде извезен. Од друга страна, за да се реализира повратот на ДДВ, компанијата треба да поднесе даночна пријава до 25 мај, доколку станува збор за месечен даночен обврзник (ако вкупниот промет на компанијата надминува 25 милиони денари), а повратот за тој месец би требало да биде реализиран во рок од 30 дена по поднесувањето на пријавата – значи до 24 јуни, односно најмалку 54 дена по истекот на месецот.

Роковите се уште подолги ако станува збор за квартален даночен обврзник – тогаш, рокот за поднесување на пријавата би бил до 25 јули, а повратот за тој квартал соодветно би требало да биде направен до 24 август, односно најмалку 115 дена по истекот на месецот кога се реализирале активностите.

„Наведеното значи дека извозниците при секој нов увоз на суровини и репроматеријали треба да обезбедат ликвидни средства за плаќање на ДДВ, иако во исто време имаат и побарувања од државата, можеби и неколкукратно повисоки од данокот кој треба да го уплатат . Во услови кога одржувањето на тековната ликвидност е сериозен проблем, барањето за пребивање на обврските при секој увоз уште повеќе добива на важност – за извозниците ова би значело сериозна помош при обезбедувањето на свежи ликвидни средства, вели Штерјова.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија