Бизнисот бара реформи: Се бори ли државата доволно со сивата економија
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019
Се бори ли државата доволно со сивата економија? Бизнисмените сметаат дека е недоволно и препорачуваат итни реформи во борбата со сивата економија и корупцијата.
Бизнисмените имаат забелешки до Владата и за подобрување на ефикасноста на даночната администрација, побрзо спроведување на царинските постапки и транспарентен систем на јавни набавки а на подобра бизнис клима досега влијале само некои измени од законите кои донеле подобрување во одредени сектори.
Сивата економија, корупцијата и честите инспекции се рак рана за бизнисот а голем дел од фирмите се жалат на судството и од честите промени на законската регулатива што е голем проблем за малите и микро претпријатија.