18 Мај, 2024
0.0308

Блажевска: До „големите цели“ не се стигнува со игнорирање на „помалите проблеми“

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Првите шест месеци на Владата поминаа во еден исклучително динамичен период,  по кој сега сме во некаква лимбо ситуација: се чека реформските проекти од хартија да преминат во практика, а граѓаните стануваат се понестрпливи во очекувањето на првите резултати. Всушност, постои различно доживување на категоријата време: новата Влада брои шест месеци, но за граѓаните тоа е само уште една „секвенца“ од изгубените децении, по кои и натаму остануваат соочени со истите проблеми. И не ги интересира кој колку време е на власт, туку кој ќе ги помрдне работите од мртва точка. 

По владиниот офанзивен надворешно-политички пробив, кој имаше за цел да ги откочи замрзнатите интеграциски процеси, сите очекуваат таа динамика да заживее на домашен план. И со право. Реализирањето на интеграциските процеси не зависи само од изразената волја и амбиција, ниту од новата страница во соработката со соседите. Зависи од тоа дали и како се завршени домашните задачи. 

Ние можеме да добие признание дека сме воспоставиле идеални односи со сите  соседи, дека имаме искрена волја да ги решаваме спорните прашања, но, тоа нема да има значење во вкупниот скор на земјата, ако изостане реформата во правосудството, ако вработувањата и понатаму не се темелат на мерит-систем туку на партиски заслуги, ако транспарентноста е формална а не суштинска, ако нема разрешување на функционери кои промените ги користат за да ги продолжат критикуваните девијантни практики, и ако Владата не се посвети кон прашањата што ги мачат граѓаните, а за кои ветувала решенија.

Меѓу надежта дека РМ ќе стане 30-та членка на НАТО и дека ќе добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, чмаат истите децениски очекувања на граѓаните: да добијат правда, да добијат пат, водовод, амбуланта, да имаат пристап до проверени лекови, до квалитетно образование, да не плаќаат за парно греење ако се исклучени од системот... 

Владата засега бележи поголем исчекор во однос на амбиенталното расчистување на патот кон интегерациски цели, отколку кон ваквите секојдневни граѓански потреби, што создава почетни разочарувања. Ако брзо не се посвети кон нивно решавање, ќе нема ни со што да се пофали пред Брисел, бидејќи во ЕУ и НАТО се стигнува со резултати, а не со планови за намери. 

Коментар на новинарката Катерина Блажевска за првите шест месеци од владеењето на премиерот Заев и новата Влада на РМ.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање