Блискиот исток: 600.000 принудни работници
Објавено во: Свет 13 Април, 2013 12:46
Меѓународната организација на трудот МОР, соопшти дека проценетите 600.000 луѓе биле намамени и вовлечени во присилна работа на Блискиот исток, од кои многумина сексуално се експлоатирани.
Таа организација на Обединетите нации објави извештај за двогодишното истражување темелено на одговори на 650 испитаници, во кој се повика на измената на праксата на вработување во тој регион, пред се, на завршување на систем за спонзорирање, познат како кафала, кој се користи за контрола на странски мигрантски работници во арапските земји на Персискиот Залив.
Системот кафала, застапен главно во арапските земји источно од Египет, во кој работат над 12 милиони странски работници, бара тие работници да имаат спонзори внатре во земјата во која работат, што обично тоа се нивните работодавци, кои се одговорни за нивните визи и законскиот статус, наведува агенцијата Танјуг.
- Работниците мигранти во тој дел од светот се единствени кога се работи за нивната бројност и нивниот експоненцијален пораст во текот на последните години – рече Беата Андреас, директорка на програмата МОР за борба против присилната работа.
Дводневна конференција
- Сегашниот наш предизвик е како да се воспостават заштитни мерки и во земјите на потеклата на работниците и во земјите каде работат, за спречување на експлоатација и злоупотреба на тие работници – додаде таа на отворањето на дводневната конференција за тој проблем во Аман, во Јордан.
Извештајот на МОР на 150 страни под името Намамени и заробени: Трговијата на луѓе на Блискиот исток, темелен на истражување спроведено во Јордан, Кувајт, Либан и Обединетите Арапски Емирати.
- Иако податоците се слаби, МОР оценува дека на Блискиот исток има 600.000 жртви на присилна работа – наведено е во извештајот, во кој посебно е истакнат системот кафала како исклучително проблематичен, бидејќи создава нееднаква динамика на моќ меѓу работодавците и работниците.
- Реформата на системот кафала значително би го подобрила управувањето на работниците мигранти во тој регион – се наведува во извештајот.
Загрозеност на жените
МОР истакнува дека постојат докази кои покажуваат посебна загрозеност на азиските и африканските жени мигранти кои се излажани и принудувани на сексуална експлоатација. Некои од жените кои мигрирале за да работат во домаќинства, како медицински сестри, учителки или келнерки, нивните агенти по доаѓањето со сила ги носеле и принудувале на пружање на сексуални услуги на клиенти во приватни станови или вили.
МОР во извештајот укажува дека вината за таквата состојба на работниците мигранти е поради недостиг на закони, што ја ограничува нивната можност да ги прекинат работните договори и да ги променат работодавците.
Недоволната индспекција исто така придонесува за нивна подложност на експлоатација. – Проблемот со трафикинг на луѓе може ефикасно да се реши со отстранување на системските недостатоци во управувањето на работната миграција во тој регион – рече заменик регионалниот директор на МОР за арапските земји Франк Хагеман
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




