26 Април, 2024
0.0271

Blockchain предизвик - Со иновативност и дигитална технологија до зголемена конкурентност

Објавено во: Економија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во присуство на домашни и странски реномирани претставници од научната и бизнис-сферата, кои потекнуваат или работат во мали земји, на 16 март 2018 година, во рамките на своите активности, Стопанската комора на Македонија, по повод одбележувањето на својот значаен јубилеј - 96 години коморско организирање во Македонија, во просториите на Клиниката „Жан Митрев“, го организираше „САМИТОТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ“. Идејата за организирање настан кој на едно место ги собра најуспешните македонски бизнисмени и претприемачи, е произлезена одзаклучоците произлезени од минатогодишната тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија - предности и недостатоци“, иницирана од потребата за поврзување на претприемачите од малите земји со цел нивно заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во особено тешки времиња.

  Самитот претставуваше одлична прилика на едно место да се спојат искуството на најуспешните бизнис репрезенти од земјата и пошироко, од една страна и креаторите на политиките, од друга страна, давајќи уникатна можност преку презентирање на успешни приказни од примена на новите технологии да се поттикне раст, развој и конкурентност на пазарот, кои се од особена важност доколку се земе предвид брзото и динамично опкружување во коешто тие функционираат.

Дел од темите кои беа опфатени на Самитот беа и „blockchain“ технологијата и поврзаната регулатива, „crowdfunding“ моделите на алтернативно финансирање на бизнисите, роботика и автоматизација во корист на бизнисот и, секако, етичката страна на дигиталниот пазар. Една од темите која побуди големо внимание беше и иницијалната парична понуда (Initial Coin Offering-ICO) која ја „зарази“ Силиконската долина и прерасна во нов светски модел за финансирање. Всушност ICO претставува нов начин на креирање на капитал каде компаниите преку специјализирани берзи издаваат дигитални валути кои инвеститорите ги купуваат по намалена цена, во замена за нивните парични средства – процес чии темели се базираат на процесот на издавање акции, со тоа што постапката е далеку побрза и поедноставна.

  Самитот ги даде очекуваните резултати, а тоа ќе биде поттик за Стопанската комора на Македонија и понатаму активно да биде вклучена во имплементирањето на современите технолошки решенија, следејќи ги глобалните трендови од една страна, но и барањата и потребите на компаниите, од друга страна, а во насока на остварување на приоритетите на Европската комисија, дефинирани преку Иницијативата за дигитална агенда, која е елаборирана во Стратегијата 2020 и има за цел да ги интензивира инвестициите и проектите во овој домен.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра