05 Мај, 2024
0.0246

Блондинката ќе му се „спротистави“ на Путин

Објавено во: Свет 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Активистката за женски прави Ксенија Собчак ќе се кандидира за претседател на Руската Федерација и најверојатно ќе му се спротистави на неприкосновениот лидер Владимир Путин, но уште сега руската опозиција ја прогласи за мамка на Кремлин.

Ксенија е ќерка на Алексеј Собчак, првиот избран градоначалник на Санкт Петербург кој во 90-тите години му беше шеф на тогаш младиот и анонимен Путин. Интересно е што Путин остана лојален на Алексеј кога избија обвинувањата за корупција во градската администрација поради манипулации со набавката на храна кога се распадна Советскиот сојуз. 

Токму лојалноста на Путин му овозможи да стане заменик на Борис Елцин и евентуално да стане руски премиер бидејќи тогаш руската политичка елита имаше потреба од таков кадар кој ќе работи со нив. Секако, малкумина предвидоа дека агентот на КГБ ќе направи огромен политички пресврт, ќе започне војна во Чеченија и ќе ја зацврсти својата власт со философијата за Силна Русија.

Сега, Ксенија е личноста која треба да го порази Путин, потег на кој малкумина опозиционери во Русија веруваат, особено што нивниот вистински лидер Навални го очекува издржување на затворска казна за протестите. Ксенија е инаку селебрити личност, таа водеше свое телевизиско шоу каде го стекна прекарот Блондинка, често се појавува на насловните страни на модните списанија и никогаш јавно не проговорила против Владимир Путин. 

Семејната поврзаност на Ксенија Собчак и Владимир Путин создава многу теории на заговор но, младата реалити ѕвезда ветува дека ќе има силна кампања посветена на реформи на Кремлин, еднаквост меѓу мажите и жените и промоција на либерални политики. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз