20 Декември, 2025
0.1971

Бобан Илиќ жали за смртта на малиот Алмир, но рече дека е невин

Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 16:13

Добивај вести на Viber

Обвинетиот Бобан Илиќ, кој е обвинет за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, за смртта на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово, рече дека не се чувствува виновен на денешното судско рочиште каде беа дадени завршните зборови. 

Тој изрази жалење за смртта на малиот Алмир, но рече дека е невин.

Неговиот адвокат, Стеван Павлески побара ослободителна пресуда. Како што рече Павлески, неговиот клиент не го извршил делото со умисла. Тој се повика на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека Илиќ бил вовлечен во конфликтна ситуација од која се обидел да излезе.

„Вештачењата се резултат на доказите, во вид на видео снимки, искази на сведоци, очевидци на настанот, тоа се супер докази. Врз основа на тие докази се изготвени вештачењата“ – изјави Павлески. 

Пресудата ќе се знае на 5 април.

Детето беше прегазено на 25 јуни 2016 година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом во Куманово. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на 1 јули 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име