Бочварски: Oпожареното возило го нема во електронската база на министерството
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски вечерва на прес - конференција изјави дека превозникот БЕСА транс доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници.
Вели дека тој ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца. За опожареното возило кажа дека го нема во електронската база на министерството. Фирмата превозник е должна да го пријави во рок од 15 дена. На превозникот ќе му се одземе лиценцата за што постапката е почната. Ќе има вонреден надзор и ќе се исконтролира работењето на споменатата агенција.