18 Јуни, 2024
0.0292

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

По бројните написи во медиумите, но и поради нападите од бројни политички претставници упатени кон градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, како за прскањето против комарци, така и за неискосеното зеленило, со реакција се јавија од градот. 
Од таму со фотодокази посочија и убаво објаснија дека иако градот меѓу првите ја организирал постапката за прскање против комарци, за разлика од други градови каде се прска во сред лето, а тоа низ медиумите се пренесува со глорификации, за град Скопје се пишува со најлоши коментари. 
По неоснованите напади и лажните вести за дезинсекцијата во Скопје граѓаните да бидат спокојни бидејќи истата се реализира согласно можноста и временските услови на 18.05, но за дезинформациите јавноста мора да ја информираме тука бидејќи друг начин немаме.

Иако сме меѓу првите кои спроведуваат прскање против комарци годинава, сепак има оркестриран напад врз Скопје, а за сите други општини се молчи иако дел сеуште ни постапки немаат отпочнато - стои на Фејсбук страната на градоначалничката Данела Арсовска. 

Притоа во објавата се пренесени и принтскринови од медиуми во кои се пренесува кога прскаат дургите општини низ Македонија, особено општини каде градначалници се пред се претставници од ВМРО-ДПМНЕ.
Прилог доказ кога вршеле прво прскање останатите општини во Македонија и тоа ЈУЛИ до СЕПТЕМВРИ, а никој јавно и медиумски не креирал хистерија.

Градот Скопје спроведува мерки во согласност и рамки на роковите предвидени со Закон.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.05.2024 година (Сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се замолуваат засегнатите кои во изминатите неколку дена подгреваа тензии со дезинформации, со цел наштетување на Градот Скопје, да ги информираат граѓаните дека градот Скопје е меѓу првите во Македонија кои навремено ја врши дезинсекцијата во согласност со тоа кога го дозволуваат временските услови за истото бидејќи кога времето е нестабилно и врнежливо истото не се спроведува - се посочува во објавата. 

Еве што точно постави на Фејсбук градоначалничката:

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВО: синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВО: синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

БЕШЕ ИКОНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА И ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - на 89 години почина Стојан Андов

БЕШЕ ИКОНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА И ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - на 89 години почина Стојан Андов

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

Познат идентитетот на загинатите од Галичица: Двајца родители од Ресен

Познат идентитетот на загинатите од Галичица: Двајца родители од Ресен

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ НА АВРМ ОДАТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ: Еве што вели извештајот на Ревизија

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ НА АВРМ ОДАТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ: Еве што вели извештајот на Ревизија