05 Мај, 2024
0.0235

Богдановиќ не дава улица низ парк: Државни институции работат во зграда без технички прием

Објавено во: Економија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Неколку институции се вселија во палатата, а објектот нема ниту имотен лист ниту поминат технички пример. Административната зграда „Лазар Поп Трајков“ во центарот на Скопје веќе ги вдоми Регулаторната комисија за енергетика, Комисијата за хартии од вредност и Македонска навигација, ама каква судбина ќе има објектот се уште не е јасно. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за „Фактор“ вели дека за палатата нема да биде одобрен техничкиот прием се додека не се изгради сервисна улица за пристап до објектот. Сепак тој тврди дека нема да стави потпис на одлука за старт на изградба на улица која ќе поминува во блискиот парк. Така им излегува во пресрет и на жителите кои се спротиставуваат, но води грижа и за зеленилото во општината.

Некои од опциите се пристапната улица да се изгради подземно. Сепак конечната одлука ќе се донесе кога ќе бидат готови измените на Деталниот урбанистички план за овој дел од Центар, на кои веќе се работи. Дотогаш институциите преселени во Лазар Поп Трајков и сите вработени во нив ќе работат во палатата која нема имотен лист ниту има поминат технички прием.

„Општина Центар нема да даде одобрение за изградба на сервисна улица низ паркот до зградата. Тоа едноставно нема никакви шанси да се случи. Какво ќе биде решението ќе видиме дополнително, но едно од можностите е улицата да биде подземна, вели Богдановиќ.

Административна палата Лазар Поп Трајков ја изгради градежната компанија „Бетон“ врз основа на договор со претходна Влада. Таму требаше да се преселат вкупно седум државни институции меѓу кои и Централниот регистар по кој всушност и стана позната во јавноста. Имено беше обелоденето дека пет години добивката на регистарот била префрлана за изградба на палатата. За пет години по овој основ од Централниот регистар кон „Бетон“ биле префрлени шест милиони евра. Сепак и по изградбата или и по шест години оваа институција не е преселена во новиот објект оти тој нема технички прием. Другите институции се коинвеститори и дел од нив се вселени.

Инаку според информациите, Централниот регистар уплаќал за изградба на палатата по однос на склучен договор и владин заклучок од септември 2011 година. Оваа институција треба да има 42 отсто од сопствеништвото на палатата што ја изгради Бетон. Коинвеститори се и Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност, М-НАВ, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. На регистарот му припаѓа и змејиштето под административната зграда.


Александра Томиќ


фото: Буилд.мк

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?