Богојески: Црна Гора е одличен пример да разбереме дека не треба да гласаме за ниски страсти, голи популисти, национал - социјалисти
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Црна Гора е
одличен пример за ние, граѓаните на Македониja, да разбереме дека не треба да
гласаме за ниски страсти, голи популисти, национал - социјалисти - некакви
левици, лажни патриоти - палатисти, загрижени европјани што се тепаат во влада
за кожни фотељи - некои што можеле уште појако да се степаат и слiично, вели Петар Богојески од Македонски концепт.
„Ви го ставам на увид новиот договор за формирање на новата Влада на Црна Гора,
од страна токму на такви политичари, кои пред избори ветуваа промена на Устав,
на знаме и химна, напуштање на НАТО, сојуз со Србија и Русија... и разни други
будалаштини... за сега откако фатија позиции и власт, се заборавија, народ
излажаа, а започнаа да се колнат во НАТО и ЕУ... во истиот Устав, знаме и химна
и т.н. и т.н.
Тоа ве чека сите вас што си го лажете умот и со сиот памет гласавте за левици,
обнови на бандитизам, типови што можеле уште подобро и уште посилно да се
степаат за фотељи и слично“, наведува тој.