14 Декември, 2025
0.0373

„БОЈКОТ НА НАСТАВАТА НЕ Е РЕШЕНИЕ, ПРОБЛЕМ Е ИНКЛУЗИЈАТА КОЈА НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ“: Што предлага дефектолог за последните настани со насилен ученик?

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Нов бојкот, ист проблем. Наставата во една паралелка од четврто одделение во основното училиште „Јан Амос Коменски“ е во прекин поради насилен ученик. Родителите, изморени од молкот на институциите, повторно го повлекуваат најтешкиот чекор, ги задржуваат децата дома.

Јавноста во Скопје сè уште ја нема заборавено „драмата“ од декември, кога наставата беше бојкотирана во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, случај што го одбележа првото полугодие од учебната 2024/2025 година. Сега, пред самиот крај на учебната година, повторно се соочуваме со идентичен сценарио, но во друга општина, со други деца и наставници, кои живеат ист страв и исто разочарување.

Уште од понеделникот, учениците од таа паралелка не посетуваат настава. Родителите сметаат  дека во моменталната состојба не се обезбедени основни услови за сигурност на нивните деца, како и за соодветно водење на наставата поради што одлучиле да не ги пуштаат на настава додека не се преземат соодветни мерки за решавање на ситуацијата и гарантирање на безбедна училишна средина. Оваа одлука е донесена заеднички од страна на мнозинството родители на учениците од одделението со цел заштита на нашите деца“, пишува во дописот архивиран од основното училиште. Родителите велат дека апелирале до раководството и до надлежните да се преземат конкретни чекори во решавање на проблемот, но откако состојбата останала непроменета тие вчера изјавија:

„Досегашните мерки што ги презеде училиштето, за жал, не резултираа со подобрување на состојбата. Бараме итна интервенција од надлежните институции. Исто така бараме физичка и психолошка безбедност за сите ученици и наставници“, порачаа родителите, решени оваа битка да ја водат до крај.

Кај нас, за жал, инклузијата честопати значи само физичко присуство во училница

Сепак, според Снежана Д., дефектолог во пензија со децениско искуство во работа со деца со посебни образовни потреби, бојкотот на наставата не е решение, но е симптом на подлабок проблем кој системски се игнорира.

„Разбирам зошто родителите реагираат со бојкот. Кога институциите молчат, луѓето се принудени сами да си ја бараат правдата. Но, тоа не го решава проблемот. Треба сериозна анализа и интервенција на повеќе нивоа. Во многу случаи, инклузивното образование кај нас не дава резултати, ниту за детето со попреченост, ниту за останатите ученици во паралелката. Многу поголеми резултати сме постигнувале кога децата со ментална попреченост се едуцираа според индивидуализирани програми и со соодветна стручна поддршка, нешто што сега недостасува“, вели Снежана Д.

Според неа, моделот на инклузија што се применува во земји како Германија и Данска може да биде инспирација, но со услов да се обезбеди целосна логистичка и стручна поддршка, нешто што често изостанува кај нас.

„Во Германија, инклузивното образование функционира затоа што секое дете со попреченост има свој личен асистент, наставниците добиваат континуирана обука, а училиштата располагаат со тимови од психолози, дефектолози и педагози. Во Данска, пак, постои систем на т.н. „училишни бази“ каде што секое дете добива поддршка во сопствено темпо, без притисок и стигма. Кај нас, за жал, инклузијата честопати значи само физичко присуство во училница, без реална можност за учество и напредок, ниту за вклучување во социјалната средина“, објаснува таа.

Нагласува дека без соодветна проценка, индивидуален пристап и конкретна интервенција, и децата со попреченост и нивните соученици остануваат заглавени во еден нефункционален систем што произведува фрустрации наместо резултати.

Анита Буховски

фото: YouTube/Print Screen

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово