БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев денеска во Куманово информираше дека не се забележани поголеми нарушувања или инциденти досега на избориот ден.
„Од досегашните пријавени настани имаме еден настан пријавен за сликање на гласачко ливче, зборуваме на територијата на Република Северна Македонија каде што веќе дежурниот јавен обвинител е известен и постапува по тоа случување“, вели тој.
Тој нагласи дека полицијата ги презема сите дејствија за да можат граѓаните слободно да гласаат.